СПОРТФУДБАЛ

Чеферин со сериозна критика за фудбалската инфраструктура во Италија

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, испрати сериозна критика на сметка на фудбалската инфраструктура во Италија.

Advertisements

„Веќе сум уморен од постојаните разговори за инфраструктурата во Италија. Сè останува само на зборови. Се надевам дека конечно ќе се преземе нешто конкретно. Клубовите имаат потреба од поддршка од државата, од локалните власти, но и од приватни инвеститори. Време е за акција, ситуацијата е навистина лоша,“ изјави Чеферин.

Тој додаде дека верува оти италијанската влада сега конечно разбира колку е итно да се делува.

„Имам голема доверба во Габриеле Гравина, кој е и мој заменик. Знам дека ќе стори сè што е во негова моќ. Сигурен сум дека Италија ќе биде домаќин на Европското првенство во 2032 година.“

Италија заедно со Турција имаат заедничка кандидатура за организација на Европското првенство 2032 и многумина очекуваат да добијат зелено светло од УЕФА. Сепак, изјавите на Чеферин се јасен сигнал дека Италија мора посериозно да пристапи кон решавање на инфраструктурните проблеми, ако сака да ја оправда довербата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button