ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Клиничката болница во Тетово веќе една година не се изведуваат ортопедски операции

Во Клиничката болница во Тетово веќе една година не се изведуваат ортопедски операции

Министерот за здравство Арбен Таравари нема информации дека во Клиничката болница во Тетово, веќе една година не се изведуваат ортопедски хируршки интервенции. Пациентите најчесто се праќаат во Скопје. Во Тетово, интервенции се изведуваат во многу мал процент, а причина за тоа е недостатокот на материјали за операции.

Advertisements

„Јас немам никакви информации, сигурно директорот знае попрецизно“, рече Арбен Таравари, министер за здравство.

Ова го потврди и самиот директор на Клиничката болница, Агим Бериша.

„Работата малку застана бидејќи нема материјали. Верувам дека овие денови ќе биде објавен тендерот и ќе се реализира оваа работа. Пациентите кои треба да бидат оперирани во моментов се упатуваат на клиниките во Скопје. За жал, ваква е ситуацијата“, рече Агим Берища, директор на Клиничката болница Тетово.

Недостатокот на материјали во одделот за ортопедија и трауматологија не е единствениот проблем на болницата во Тетово, вели шефот на одделот за ортопедија, Артон Незири. Тој изјави дека овој оддел има и недостаток на лекари.

„Нашето барање до директорот е постојано, но ете. Во моментот кога договорот за овие материјали беше прекинат – тоа беше во октомври – од тогаш немавме можност да поднесеме нови барања. Ова не стави и нас во тешка позиција, бидејќи бројот на пациенти кои бараат хируршки третман е голем. А ние немаме услови, ниту доволно медицински персонал, кој исто така ни недостасува“, нагласи Артон Незири, шеф на одделот за ортопедија и трауматологија.

Намалувањето на бројот на извршени операции започна во 2023 година, кога вкупно биле извршени 140 операции, додека една година подоцна само 40 операции, а во 2025 година биле извршени само осум – и тоа со преостанатиот материјал./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button