ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продожлува трендот на иселување на младите од државата

Продожлува трендот на иселување на младите од државата

Иселувањето на младите од државата е една од клучните последици на нивната недоволна вклученост во општествените процеси, вели Александар Николовски претседател на Универзитетското студентско собрание. Тој додава дека потребно е системско јакнење на младинските совети и активно вклучување во носењето на одлуки за да се спречи натамошното одлевање на потенцијалот од државата.
Доколку и понатаму младите се игнорираат, тогаш трендот на иселување на млади ќе продолж, дури и нагло ќе се зголеми, вели Николовски. Според него, најголем дел се иселуваат поради можностите што ги имаат во други држави.

Advertisements

„Да го слушаат нивниот глас, да комуницираат со нив, заеднички да ги носат мерките коишто се носат, да се разработи законот за младинско учество каде што локалните младински совети првично ќе бидат разработени и националното младинско собрание , тоа доста не е реализирано од кога е донесен заонот. Младите сакаат да бидат дел од систем во кои што и тие ќе придонесуваат, доколку се игнорирани, доколку партиските интереси се ставаат над државните, над општествените, тогаш очигледно е дека не 60илјади за 5 години, туку за 5 години 120 – 200 илјади можат да се иселат“, рече Александар Николовски- претседател на Универзитетско студенстко собрание.

Според Иван Пешевски, потпретседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, причина за иселувањето на младите со години наназад се ниските плати, лошите услови за работа, неефикасното здравство како и образованието.

„Пред се ќе кажам ниските плати, сето тоа едно со друго е поврзано покрај ниските плати имаме многу лоши услови за работа, имаме несигурни форми на вработување, договори што не постојат во трудовото право, имаме работни места кои што повеќе од очигледно заслужуваат бенифициран стаж но немаат, имаме се уште најниска плата во регионот како просечна така и минимална и ред други работи да не ги напоменуваме здравството колку ни е лошо или образованието. По тоа ќе видите зошто цели фамилии не само млади наназад години ја јаде бувкално бела чума и цели села и градови се отселени“, рече Иван Пешевски ССМ.

Последните податоци говорат дека во изминатите пет години од Македонија се иселиле речиси 60,000 млади, а истражувањата покажуваат дека секоја година 10 % од студентите заминуваат на студии во странство, најчесто во земјите од Европската Унија./Алсат.мк

Ангел Димовски.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button