ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поднесено обвинение против 10 лица за злоупотреби во рек Битола

Поднесено обвинение против 10 лица за злоупотреби во рек Битола

Битолското јавно обвинителство поднесе обвинение против 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола, со што е предизвикана штета од околу 180 милиони денари. Седум лица сториле злоупотреба на службена положба, а три лица од Бирото за јавни набавки се осомничени за несовесно работење во службата. Станува збор злоупотреба на повик за јавна набавка за избор на фирма за ископ на јаловина во РЕК Битола, при кој една фирма била елиминирана од конкурсот иако исполнувала услови, на местото на друга која незаконски била избрана.

Advertisements

„Иако фирмата доставила доказ дека ги исполнува условите за техничка и професионална способност од тендерската документација, тие сепак ги оцениле ваквите докази како неприфатливи и ја отфрлиле понудата. Тројца членови на Комисијата за јавни набавки за спроведување на отворена постапка за јавна набавка го прифатиле ваквото стручно мислење, иако спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и на електронската аукција, поканиле само два други економски оператори кои имале понудено повисоки почетни цени од елиминираната фирма„, велат од Основно Јавно Обвинителство .

Обвинет е и директорот на РЕК Битола кој го прифатил предлогот за избор на најповолна понуда иако тој бил спротивен на одредбите од Законот за јавни набавки и во ноември 2022 година склучил договор за ископ на инвестициска откривка во рудникот Гнеотино со фирмата РУД-Коп во износ од 708.000.000 денари со ДДВ. Подоцна,директорот потпишал и анекс на овој договор.

„Во септември 2023 година, директорот склучил и анекс кон договорот со кој вредноста на јавната набавка ја зголемил за дополнителни 20% односно за 120.000.000 денари, со што исто така постапил спротивно на Законот за јавните набавки, бидејќи претходно не извршил дополнителна анализа на исплатливост и не ги дообезбедил потребните парични средства кои според законските одредби требало да бидат обезбедени во целост пред склучување на договорот, велат од Основно Јавно обвинителство.

Битолското обвинителство исто така ги замрзна и средствата од околу 180 милиони евра со кои незаконски се стекнала фирмата РУД – КОП, а истите ќе бидат замрзнати се до донесување на пресуда./Алсат.мк

Михаило Донев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button