Сопственикот на Пуцко Петрол Асмир Јахоски излегува од притвор
Сопственикот на Пуцко Петрол Асмир Јахоски излегува од притвор

Сопственикот на Пуцко Петрол Асмир Јахоски излегува од притвор откако апелациониот суд на нејавна седница одржана денеска одлучи да ја уважи неговата жалба и да ја прифати гаранцијата од нешто над два милиони евра која тој и неговиот адвокат од претходно му ја понудија на Обвинителството. Апелација прифати Јахоски да биде пуштен во домашен притвор со прифаќање на гаранцијата од 986.540 евра, со ставање на хипотека на недвижен имот во корист на државата и со дополнителна сума од 72 милиони денари, која треба да биде исплатена во ќеш.
Од Апелација информираат и дека на Јахоски му се одредени мерки на претпазливост и дека му е одземен пасошот. Асмир Јахоски е еден од 13-те осомничени во истрагата за сомнителните тендери за набавка на мазут вредни 167 милиони евра за ТЕЦ Неготино, а која беше отворена во 2023 година.