Скопското јавно обвинителство поднесе обвинение против 59-годишен маж кој е обвинет за полов напад врз малолетно лице
Скопското јавно обвинителство поднесе обвинение против 59-годишен маж кој е обвинет за полов напад врз малолетно лице

Скопското јавно обвинителство поднесе обвинение против 59-годишен маж кој е обвинет за полов напад врз малолетно лице.
Според деталите од Обвинителството, 59-годишниот маж на 24 август минатата година, во парк во општина Чаир, започнал да допира 15-годишно дете. Откако почнал да го допира, детето му ја фатило раката и му се заканило дека ќе повика полиција.
Обвинетиот потоа се обидел да избега и се сокрил во влез од зграда, по што детето ја затворило вратата од влезот и повикало полиција која го привела мажот. Против обвинетиот во сила се и мерки на претпазливост кои му ги одредил судот, а кои вклучуваат забрана за напуштање на живеалиште, одземање на пасошот, обврска за јавување кај надлежен државен орган и забрана за каков било контакт со оштетената страна.