ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Бизнис заедницата бара нови итни мерки за тешко погодените сектори


Итно носење на четврт сет економски мерки во кој најголем приоритет треба да имаат најтешко погодените сектори, се дел од барањата испратени од бизнис заедницата до новата Влада. Мерките мора да бидат така скроени за да не ни се случи застој во економскиот циклус, му порачаа од Сојузот на стопански комори на премиерот Зоран Заев.

„Таргетираната финансиска подршка која што би требало да ја има во следниот пакет мерки, четврт пакет кој што би требало да му помогне на стопанството, со што ќе и се помогне на економијата, циклусот економски да не застане, односно да се движи напред. Сите претпријатија и сите оние од приватниот сектор кои се соочуваат со финансиски потешкотии да добијат таргетирана помош која им е неопходна“, рече Данела Арсовска- Претседателка на ССМ.

Според Заев предлозите заеднички ќе се разгледаат и ќе се донесат мерки.

Премиерот кажа и дека пандемијата предизвикала отпуштања на работници, но не во голем број, па затоа приоритет ќе бидат мерки за заржување на работните места.

„Неприродно бројките на отпуштени работници пораснаа на 12 – 13 илјади па на 23 илјади, а некаде по некој статистики достигна и до 30 илјади невработени што се случија во овој период, но не се 140 илјади. За нас е важно секое работно место. Првата порака е треба да знаат деловните луѓе дека државата продолжува да помага. Сакаме да им се најдеме, но не може да очекуваат директна помош ако не водат грижа за својот највреден капитал, а тоа се работниците“, вели премиерот Заев.

Сите стопански комори, во изминатиот период апелираа за итно носење на  нов сет мерки бидејќи веќе два месеци не важат дел од претходните мерки. Она што го потврди и премиерот е дека во четвртиот сет ќе има  продолжување на мерката платежна картичка, која ќе ги опфати самохраните родители, пензионери со ниска пензија и слично.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button