Демири за „Монструм“: Флагрантно прекршена презумпцијата на невиност

Адвокатот, Ардијан Демири, коментирајќи ги последните случувања поврзани со завршните зборови на обвинителството во случајот „Монструм“, рече дека презумпцијата на невиност била повредена уште од првата конференција на Министерството за внатрешни работи, одржана на 2 мај 2012 година, кога тогашниот министер изјавил: „денес беа затворени петмината убијци од кај Смилковското езеро“.
„Целиот случај не е типичен, од почетокот до четвртокот кога беше кажан последниот збор од обвинителството, но исто така и тужбеното барање или последниот збор на обвинителот на случајот не е типично. Не е дека обвинението за еден е повлечено, но нетипично, обвинителот рече да се ослободи. Но, не е работа на обвинителството да одлучи кој ќе биде ослободен, судот е тој што одлучува. Случајот од почеток до четврток не е типичен заради фактот што содржи многу политички елементи и мотиви. Не можеме да зборуваме за докази, оти не сме дел од овој процес, но категорично можам да кажам факт што е неоспорен, а тоа е фактот дека во овој случај презумпција на невиност на сите обвинети е повредена“, рече Демири.