ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одбележан 7 мај – Денот на полицијата

Улогата на полициските службеници во одржувањето на јавната безбедност и борбата против криминалот и корупцијата беа во фокус на одбележувањето на 7 мај – денот на полицијата.

Advertisements

Првиот човек на полицијата, Панче Тошковски, рече дека корупцијата е длабоко вгнездена во македонското општество и дека полицијата мора да продолжи со својата улога во искоренување на истата. Тошковски потсети и на некои од позначајните истраги кои се водеа изминатиот период.

„Случајот Адитиви во кој се опфатени 23 лица е симбол на тоа дека нема недопирливи кога се работи за злоупотреба на државни пари и ресурси. Во координирана акција минатиот декември е разбиена една од најопасните криминални структури, чии членови учествувале во повеќе од осум убиства и сериозни закани кон полициски службеници“, рече Тошковски.

На денот на полицијата пак, премиерот Христијан Мицкоски испрати порака дека во оваа држава повеќе нема место за врски, непотизам и заштита од одговорност.

„Имаше време кога институциите се користеа за лични и политички интереси, а не за правда. Пораките ќе средиме и ќе се јавам беа погласни од законот, но тоа време е завршено. Сакам денеска јавно и гласно да кажам – Во оваа држава нема веќе место за врски, непотизам и заштита од одговорност. Законот важи за сите, без разлика дали се работи за обичен граѓанин, функционер или бизнисмен“, рече Мицкоски.

На 7 мај традиционално секоја година се одбележува денот на македонската полиција, кој е посветен на признавањето на работата и посветеноста на полицајците. Годинава, прославата се одржа во Центарот за обука на МВР во Идризи, каде што присуствуваа високи државни функционери.

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button