СВЕТ

Врховната рада го ратификуваше договорот за ретки минерали меѓу Украина и САД

Врховната рада на Украина денес го поддржа предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Украина и Соединетите Американски Држави за основање на Инвестициски фонд на САД и Украина за обнова, пренесува Укринформ.

Advertisements

Законодавната иницијатива беше усвоена со 338 гласови од пратениците, јавува агенцијата, повикувајќи се на емитување на YouTube од пратеникот од пратеничката група „Глас“, Јарослав Железњак.

Договорот предвидува формирање Инвестициски фонд за обнова на Украина во соработка со САД, кој ќе привлече глобални инвестиции во Украина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button