Општина Тетово нареди затворање на задниот влез на училиштето Кирил и Методиј

Еден ден по протестот на граѓаните, Општина Тетово нареди дирекцијата на училиштето „Кирил и Методиј“ да го затвори задниот влез на училишната зграда што е од страната на индустрискиот пат. Граѓаните вчера и дадоа ултиматум на општината да изнајде решенија за зголемување на безбедноста на овој патен правец каде секоја година има жртви поради пребрзо возење.
„Ни беше речено дека двата влеза зад нас треба да бидат затворени и ние ќе постапиме во рок од една недела. Ќе ги затвориме двата влеза што ги имавме во интерес на децата, бидејќи приоритет е нивната безбедност. Родителите веројатно ќе реагираат дека главниот влез кон џамијата е далеку, но треба да разберат дека е подобро да бидат подалеку и побезбедни“, рече Сихана Каба, директорка на О.У. „Кирил и Методиј“.
Општина Тетово пред неколку дена исто така вети дека ќе упати барање до полицијата за изградба на надвозникот, но и поставување на бариери за намалување на брзината на овој патен правец, но такво нешто сè уште не се случило, велат од СВР Тетово.
„…со општината сме во меѓусебна соработка и во рамките на законот и прописите за патен сообраќај верувам дека ќе се најде решение кое ќе биде позитивно за сите страни. Според сите можности, ќе се обидуваме додека не се најде специјално решение во врска со тој пат, СВР Тетово ќе се обиде да најде колеги кои ќе бидат присутни цело време на тој пат“, рече Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
Општина Тетово повеќе пати се обврзуваше дека ќе најде решенија за безбедноста на овој патен правец, но сега вели дека овој пат е автопат и е во надлежност на „Македонски патишта“. Од оваа компанија велат дека патот го одржуваат тие, но за безбедност во сообраќајот надлежна е општина Тетово.
Башким Сулејмани