МАКЕДОНИЈА

Еднодневна посета на министерот Муцунски во Украина

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, на покана на украинскиот министер Андри Сибиха и високата претставничка на ЕУ Каја Калас, престојувал во еднодневна посета на Лвов, каде што учествувал на министерскиот состанок за формирање на Специјалниот трибунал за злосторството агресија против Украина и на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ.

Advertisements

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска соопштија дека Муцунски бил единствениот министер од Западен Балкан присутен на настаните.

– На состаноците беше потврдена поддршката за Украина, нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, како и за иницијативата за воспоставување правна одговорност за актите на агресија. Министерот Муцунски ја реафирмираше принципиелната поддршка на нашата држава, повикувајќи на итен и безусловен прекин на огнот од страна на Русија и на заеднички ангажман за постигнување праведен и одржлив мир, се наведува во соопштението.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски, заедно со своите колеги, оддаде почит на украинските херои на гробиштата „Lychakiv“ во Лвов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button