ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Високи владини претставници го одбележаа Денот на Европа

Високи владини претставници го одбележаа Денот на Европа

Владина делегација предводена од министерот за одбрана Владо Мисајловски, министрите за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и правда Игор Филков положија венец на спомен-обележјето на Партизанските гробишта во Бутел, по повод одбележувањето на Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот.

Advertisements

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во својот говор рече дека 9 мај не е само датум во календарот, туку е ден кога жртвата на милиони луѓе го осветли патот кон нов почеток.

„Како министер за европски прашања, сакам да кажам дека нашата европска иднина не е декларација, туку одлука. Тоа е избор за сојуз што нè обединува околу мирот, слободата и правдата. Европа не е само географски, туку е морален простор, создаден токму поради жртви како оние на хероите на кои денес им положуваме цвеќе“, рече Орхан Муртезани, министер за европски прашања.
Венци на споменикот положија и делегации на странски амбасади во земјата./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button