ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Општина Тетово подготвува студија за мобилност со цел да се ублажи метежот на патиштата и паркинзите

Општина Тетово подготвува студија за мобилност со цел да се ублажи метежот на патиштата и паркинзите

На барање на општината, институтот ИНСИ од Косово ја подготвува студијата за мобилност за градот Тетово, но и генералниот урбанистички план. Студијата за мобилност се прави со цел да се намали метежот по улиците во градот.
„Тоа беше прва фаза од анализата на постојната состојба во однос на влезот и излезот на автомобилите и каде тие се повеќе концентрирани во рамките на планот за урбана мобилност за градот. Токму за оваа основна студија од аспект на генералниот урбанистички план денес имавме прва дебата на која претставниците на институтот ги прикажаа мерењата на критичните точки на градот. Од оваа студија, ќе дојдеме до решение кое ќе биде подобро изводливо и одржливо“, рече Билал Касами, градоначалник на Тетово.

Advertisements

За својата студија, Институтот користел дигитални камери, но и паметни мерачи за влез – и излез од градот.

„Анализата на состојбата е показател дека има преоптовареност и во сообраќајот, и на паркиралиштата или зонските паркиралишта, неспроведување на генералниот план и во блиска иднина ќе се преземат некои насоки кои по одобрувањето на документот, ќе бидат со задолжителен карактер за Тетово. Прво истражуваме дали може да се направи рекатегоризација на булеварите, урбаните улици, каде може да се примени зонско паркирање или да се отстранат паркинзите од булеварите или кои паркинзи се приоритетни“, рече Исмет Баќари, директор на Институт ИНСИ ПРИШТИНА.

Планот за одржлива урбана мобилност се очекува да биде готов во рок од шест месеци заедно со конкретни предлози, додека за целокупниот урбанистички план ќе биде потребен подолг период./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button