Започнува акцијата за чистење на депонии покрај патиштата кои водат кон Шар Планина
Започнува акцијата за чистење на депонии покрај патиштата кои водат кон Шар Планина

Општина Тетово во соработка со Заубермахер ја започнува акцијата за чистење на депониите покрај патиштата на Шар Планина. Депониите на Шара, во последната година, се намалени, но сепак, оваа појава и понатаму е присутна. Градоначалникот на Општината, Билал Касами, апелираше до жителите да внимаваат.
„Општината перманентно работи на решавање на овој проблем. Во моментов тесно соработуваме со компанијата Заубермахер за да вршиме редовно и навремено собирање на отпадот од планинските области, а на сите локации идентификувани како проблематични и со потенцијал да станат диви депонии, во комуникација сме со Министерството за екологија, но и со претпријатието на општината за чистење на овие депонии. Секако, во текот на овој месец имавме акција со меѓународниот партнер „ГЕНЕРАЛКА“ со која започна чистењето на сите депонии во тетовскиот регион, но со оваа акција и во континуитет ќе продолжиме да работиме за почист град“ – Билал Касами Градоначалник на Општина Тетово,
Токму поради заштитата на Шара од создавање на нелегални депонии и инвестирањето во одржување, тој го принуди Националниот парк да воведе данок за автомобили кои ќе се качуваат на Шара.
„За секој автомобил ќе треба да платите по 150 денари. Инсистирањето на почетокот беше да се плати по лице, но остана со плаќање само за автомобили. Тоа ќе биде добро бидејќи се обидуваме да го одржиме националниот парк почист, но и да иницираме вакви иницијативи за подобар развој на паркот. Но, бидејќи како Управа сме самофинансирани, овој проект многу ќе ѝ помогне на Управата“ – Директор на Националниот парк „Шар Планина“.
Најголемиот број депонии на Шар Планина, се во најоддалечените планински села, каде иако од страна на општината и Министерството за екологија се расчистени неколку пати, повторно од несовесни жители има ѓубре по улиците.