ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓани: Покачени цени, по завршување на мерката за маржата

Граѓани: Покачени цени, по завршување на мерката за маржата

„Цените се до плафон“, „се е поскапемо“, „граѓаните се оставени на питачки стап “, „тешко е да издржи работничката класа“- велат граѓаните пред камерата на Алсат, на прашањето дали по завршувањето на владината мерка за ограничување на брутопрофитната маржа цените на производите се покачиле.

Advertisements

„Јас на пример бев во месара, сега да не кажувам што сум зела, сега викам толку беше, па вика сега ги покачија цените.За колку е покачено? Пример јас земав ајдамер кашкавал, не знам околу 300 и нешто беше , а сега е 400 и нешто, сепак не е мало покачување.“

„Не,не тоа се минимални, минимални се тие работи. Не може ти на голема цена маржа колку проценти да влијае, не влиаје, минимално минимално.”

„Лани да речеме за 100 денари земав три килограми јаболка, сега земам за 180- 3 килограми, е сега разликатаќе ја видите“

Од Сојузот на синдикатите на Македонија, велат дека властите не треба да потпаѓаат под заканите на трговците дека ако ги намалат цените ќе мора да ги затворат продавниците. Без контрла од државата, кај нас секој си ја диктира цената како што сака.

„Тука ќе видиме како да нема контрола, секој си ја диткрира цената и секоја го осиромашува граѓанинот. Меѓутоа повторно ќе кажам вие може да имате алчни трговци, меѓутоа ако имате добар државен апарат кое што тоа ќе го регулира ќе ги врати во нормала и да не потпаѓаме под закани дека ако продавам нешто за таа цена ќе треба да го затворам, јас не гледам дека никој не затворил туку само гледам дека влегуваат нови ланци маркети на пазарот и дека они меѓу себе се натпреваруваат кој ќе биде поскап, а не кој ќе биде поевтин. Да не правиме реклама кој е поевтин а кој е поскап маркет, но нешто што беше евтино за граѓаните пред година сега веќе и тие маркети и ланци се скапи. Или да се зауздаат цените или да се покачуваат цените и платите за да може да се преживее“ – Иван Пешевски – ССМ.

Последните податоци на Државниот завод за статистика, покажуваат дека троопците за живот во април годинава, во однос на истиот период лани, бележат зголемување за 2.6 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2.7 %. Кај храната и безалкохолните пијалаци има зголемување од 1,47 % , здравствена заштита 4,03%, ресторани и хотели за 11,38%,а кај рекреација и култура за 6,84%.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button