СПОРТФУДБАЛ

Кој ќе избега од баражот за опстанок во Првата македонска фудбалска лига?

Има уште две кола во Првата Mакедонска фудбалска лига (ПМФЛ), а постои само една енигма, тоа е кој ќе игра во баражот за опстанок во елитното друштво.

Advertisements

По исфрлањето на Воска Спорт и Гостивар во најнизок ранг, три екипи се борат да го избегнат местото кое носи разигрување за опстанок во Првата лига на Македонија. Тоа се екипите на Тиквеш, Брера Струмица и Беса од Добридол.

Во најдобра позиција е Тиквеш, на кого му е потребен еден бод од следните две кола за да опстане. Потоа следи Брера Струмица која со три бода ќе има сигурен опстанок, додека Беса која ова коло е слободна, ќе чека пораз на струмичани во ова коло, па со победа и нов кикс на Брера, тимот може да се спаси во последното коло.

Во актуелната рунда, Тиквеш гостува кај Шкупи, а Брера Струмица патува кај Струга Трим Лум. Во останатите два меча за престиж, играат Работнички и Вардар, односно Силекс и Пелистер.

Сите натпревари од колото во ПМФЛ стартуваат од 17:00 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button