
Албанските социјалисти се на прагот на уште една победа на парламентарните избори, што би му донела четврти во низа премиерски мандат на нивниот лидер Еди Рама, пренесува Клан Косово.
Според првичните резултати објавени од Изборната комисија, социјалистите освоиле 53% од гласовите, а опозициската коалиција на чело со Демократската партија освоила 34%.
Ова беа 11-те избори во Албанија по соборувањето на комунистичкиот режим и први на кои право на глас имаа и 245.000 граѓани во дијаспората.