СПОРТФУДБАЛ

Судиите во ВАР собата по голот на Фермин велат – фала му на бога!

Катастрофалното судење на вчерашното Ел Класико многу лесно можеше да придонесе за поинаков исход на крајот, но Барселона сепак заслужено славеше со 4-3 и е на чекор од нова шампионска титула.

Advertisements

Свој придонес за она што се случуваше на теренот имаат сите судии, од оние на теренот, до тие во ВАР собата. Шпанија од синоќа ја тресе скандал откако во јавноста излезе снимката на реакцијата на арбитрите по голот што во судиското продолжение го постигна Фермин Лопез.

Во текот на акцијата, Валверде ја шутна топката во раката на Фермин, играчот на Барса го продолжи нападот и потоа постигна гол кој беше бурно прославен, но главниот судија Ернандез Ернандез доби сугестија од ВАР собата дека тој треба да биде поништен. При анализата на ситуацијата, се слуша како еден од судиите вели „Фала му на бога“ (menos mal) затоа што има причина да го поништи голот.

https://x.com/_AdrianSnchz/status/1921681866823786586?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1921681866823786586%7Ctwgr%5Ecb73a13873b6669cca7474bfd21d14fdea71076b%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Fnov-skandal-ja-trese-shpanija-sudiite-vo-var-sobata-po-golot-na-fermin-velat-fala-mu-na

Претходно, слична ситуација имаше и во шеснаесетникот на Реал каде Чуамени „бранеше“ на пет метри и со рака не му дозволи на Феран Торес да ја затресе мрежата, но судијата тогаш не покажа на белата точка за Барселона. „Каталонците“ имаа најмалку уште три ситуации каде беа оштетени од судијата, но и покрај тоа победија и во четвртото Ел Класико оваа сезона./SPORT1.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button