Мицкоски: Првата година од мандатот го запревме слободниот пад
Мицкоски: Првата година од мандатот го запревме слободниот пад

На Самитот „Македонија 2025“, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека првата година од мандатот била посветена на стабилизација на државата, која се соочувала со длабока институционална и економска криза. Тој подвлече дека Владата успеала да го запре „слободниот пад“ и дека сега државата е доведена до состојба на нула – како основа за понатамошен економски раст и суштински реформи.
„Во суштина нас ни требаше стабилизација на државата во оваа прва година поради тоа што државата беше во слободно паѓање, кога некој ќе каже не функционираат институциите јас би рекол немавме институции. И кога се наоѓате во една таква состојба вие прво што треба да направите е тој слободен пад да го сопрете, не можете вие да бидете преамбициозен нелогично и нереално, доколку се соочувате со основни суштински проблеми. Ние имаме основни суштински егзистенцијални проблеми кои што се разултат на политики и однерсувања на политики со години и децении. Нашата стратегија беше ајде да се обидеме најпрво слободното паѓање да го сопреме, па потоа да се обидеме да дојдеме до консулидирање со состојба нула. Па потоа да почнеме да размислуваме посуштински покрупни реформи кои што можат да додадат вредност“, рече Христијан Мицкоски – премиер.
Виктор Мизо од Костал Групацијата вели дека целта за креирање на напредна и просперитетна држава до 2025 година е делумно постигната и како што вели има уште многу работа за Македонија како општество да евалуира како модерна европска држава.
„Но има уште многу работа за нас како организација за ова и за идните влади но и за Македонија како оштество да просперира и да еволуира како модерна европска држава, членка на Европската унија со солидни економски перофрмански и конкрентни компании како домашни така и странски, развиена инфраструктура, квалитетно образование, добро здравство, владеење на правото и неселетивен пристап во борбата со корупцијата„, рече Виктор Мизо- претседавач на Одборот на директори, Македонија 2025 КОСТАЛ Групација.
На Самитот Македонија 2025 присуствуваат преку 500 гости – економски експерти, директори на тинк-тенкови, поранешни и сегашни премиери и министри од земјава и од странство, како и експерти од научната заедница од повеќе држави./Алсат.мк
Ангел Димовски