Еди Рама ќе биде премиер на Албанија уште еден мандат
Еди Рама ќе биде премиер на Албанија уште еден мандат

Иако пребројувањето на гласовите во Албанија се уште официјално не е завршено, веќе е јасен победникот и не се очекуваат никакви изненадувања .
Прелиминарните резултати покажуваат голема предност за Социјалистичката партија, која води со 53% од гласовите и се предвидува дека ќе обезбеди 83 места во Собранието. Премиерот Рама во раните утрински часови напиша на социјалните мрежи „Каква зора е ова денес“.
Демократската партија е на второ место со 34% од гласовите, и со освоено 50 мандати. ДП продолжува да ги има своите традиционални гласачки места на северот од земјата; Скадар и Кукс. Нејзиниот лидер Сали Бериша упати обвинувања за притисок врз тимовите за броење гласови од страна на владата. Тој побара секој глас да биде преброен.
„Ако се вработуваат десетици илјади вработени за глас, ако се садат хектари земја со канабис за глас, ако сте го виделе помилувањето пред два дена на околу 150 милиони евра казни за над 170 илјади граѓани, тогаш им давате на изборите свое име. Но, денес сум тука да ги повикам структурите да го пребројат секој глас“, рече Сали Бериша, претседател на Демократската партија.
Во меѓувреме, Социјалдемократската партија на Том Доши доби 4% од гласовите, односно 3 мандати. Исто така, досега успеаја да обезбедат места: „Општо“ со 3% од гласовите, два мандата и „Иницијативата за Албанија“, со 3% од гласовите, но еден мандат, заедно со 1% од гласовите, исто така добија еден мандат. Другите партии не успеаја да обезбедат места во Собранието до оваа фаза на броење.
Досега се преброени околу 47% од гласачките кутии, а пребројувањето продолжува Излезноста на гласачите беше околу 42%. Овие избори во Албанија беа посебни и по бројот на политичари кои гласаа од затвор, како што се градоначаникот на Тирана, Ерион Велиај и шефот на Партијата на слободата, Илир Мета. Неколку интересни сцени, исто така, привлекоа внимание претходниот ден. Меѓу нив беше гласањето на некои граѓани во Лушња зад плакар и транспортот на доверлив изборен материјал со мазги до планинска област на Кукуш./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши