ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Двата сериозни настани, убиството во Штип и бруталната пресметка во Скопје, во која беа вклучени турски државјани, ја шокираа јавноста

Двата сериозни настани, убиството во Штип и бруталната пресметка во Скопје, во која беа вклучени турски државјани, ја шокираа јавноста

Бројот на турски државјани во земјава се зголемува секој ден, се повеќе млади ја избираат земјава за студирање, исто така и градежни работници но и лица од различни сектори, поради економската криза таму. Но, последните два настани во кои беа вклучени турски граѓани ја шокираа земјата. Убиството на турскиот студент во Штип, како и обидот за убиство од пред два дена помеѓу турски државјани, го привлекоа вниманието на јавноста и медиумите. Алсат денеса се обиде да добие став од турскиот амбасадор во врска со контактите што ги има со локалните власти и дали е официјално известен од нив за случаите и мерките преземени против нив, но не добивме одговор.

Advertisements

Господине амбасадоре, имаме едно прашање во врска со настанот… би можеле да застанете за минута?

Обезбедувањето на амбасадорот не спречи да инстистираме на став.

Во последмиот случај во полицискиот билтен беше регистриран обид за убиство на турски државјанин од страна на негов сонародник кој го удирал по главата со капак од шахта. Инцидентот започнал по вербална расправија, која потоа прераснала во физичка пресметка, по што оштетениот паднал на земја, и во тој момент осомничениот зел капак од шахта и го удирал неколку пати, нанесувајќи му тешки телесни повреди. Повредениот завршил на Клиниката за неврохирургија во тешка состојба. Другиот сериозен инцидент се случи во кафуле во Штип, кога беше убиен турски држвјанин од страна на 21 годишно момче . Полицијата го уапси осомничениот за убиството и уште 4 лица кои му помагале да побегне – сите турски држвајанин. Полицијата сè уште го истражува случајот, а на осомничениот за убиството му се заканува доживотна казна затвор според кривичниот законик на земјата./Алсат.мк

Авни Тахири

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button