ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

САД и Кина се согласија за значително намалување на царинските тарифи за стоките што ги разменуваат меѓусебно

САД и Кина се согласија за значително намалување на царинските тарифи за стоките што ги разменуваат меѓусебно

САД и Кина се согласија за значително намалување на царинските тарифи за стоките што ги разменуваат меѓусебно, по преговорите одржани викендов. Зборувајќи во Женева, американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека „двете страни ќе ги намалат тарифите за 115 проценти“ откако се согласија на 90-дневна суспензија. Бесент им рече на новинарите дека „двете страни покажаа големо почитување“ за време на разговорите и дека „двете сакаат избалансирана трговија“.

Advertisements

„Постигнавме договор за 90-дневна пауза и значително ги намаливме царините, а двете страни, врз основа на реципрочни царини, ќе ги намалат своите царини за 115%“, рече Скот Бесeнт, секретар за финансии на САД.

Кинеското Министерство за трговија ја потврди суспензијата на „сите контрацарински мерки“ преземени против САД од 2 април, објави Ројтерс. Ова е важен чекор кон деескалација на трговската војна, која се интензивираше минатиот месец. Кина одговори со ограничување на извозот на некои ретки минерали и зголемување на царините за американските стоки на 125 проценти, како и со воведување дополнителни царини за одредени производи, како сојата и течниот природен гас. Откако ја презеде функцијата во јануари, американскиот претседател Доналд Трамп ги зголеми царините за увоз од Кина на 145 проценти, покрај оние што ги воведе за време на неговиот прв мандат и царините додадени за време на мандатот на претседателот Џо Бајден.

Џесика Салахи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button