КОШАРКАСПОРТ

Актуелниот шампион во НБА лигата се соочува со елиминација

Актуелниот шампион во НБА лигата се соочува со елиминација, откако веќе има негатива од 3-1 во полуфиналната серија во Источната конференција против Њујорк никс.

Advertisements

Никс на домашен терен во натпреварот број четири успеаја да славаат со 121-113 и со тоа да се доближат до само една победа до конференциско финале.

Џејлен Брансон со 39 поени беше прво име кај победникот, додека Џејсон Тејтум кај поразените постигна 42 поени, но во финишот поради повреда мораше да го напушти теренот.

До водство од 3-1 стигна и Минесота тимбервулвс против Голден Стејт вориорс. Вориорс без Стеф Кари немаа сила против тимот од Минеаполис кој славеше со 110-117. Џулиус Рендл со 31 поен беше прво име кај победникот, додека кај поразените Џонатан Куминга заврши со 23 поени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button