ВЕСТИСВЕТ

Објавени главните теми за евентуалните разговори меѓу Русија и Украина

Судбината на украинската територија под моментална контрола на руската армија, нуклеарната централа Запорожје, како и пристапот на Украина до Црното Море се главните теми на преговорите за Украина, објави специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф.

Advertisements

„Главните прашања тука се регионите, нуклеарната централа и како Украинците можат да ја користат реката Днепар и да стигнат до океанот“, изјави Виткоф за Breitbart News.

„Мислам дека направивме одлична работа во стеснувањето на прашањата. Главните прашања се за пет региони. Русија има огромна контрола, врз два од нив. Украинците имаат различен степен на контрола врз три други региони, па затоа е прашање како ја проценуваме ситуацијата: постои разлика помеѓу фронтовските линии, распоредувањето на трупите и административните граници. Водиме неформални разговори со двете страни“, додаде американскиот функционер.

Виткоф додаде дека за решението во Украина разговарал не само со Москва и Киев, туку и со советници за национална безбедност од Велика Британија, Франција, Германија и Италија.

Путин се обрати пред руските и странските медиуми во неделата и предложи директни разговори со Украина без предуслови во Истанбул на 15 мај. Претседателот нагласи дека не ја исклучува можноста за постигнување вистинско примирје што Киев ќе го почитува.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски рече дека ќе прифати, но дека Путин треба лично да присуствува на средбата.

Москва сѐ уште е без одговор на таквото барање на Зеленски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button