ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Јаневска за ресорот здравство: Рано е да се размислува за такво нешто, има кој да каже како ќе биде

Владата има премиер, а веројатно има и преговарачки тим. Тоа е нивна работа, тие ќе кажат како ќе биде, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговорајќи на новинарско прашање дали можеби таа ќе дојде на местото на Таравари кој најави излегување од Владата, а е министер за здравство.
На прашањето дали ќе прифати ако и предложат таква позиција, Јаневска кажа дека е рано да се размислува за такво нешто.
-Сосема е рано да се размислува за такво нешто, ќе кажат тие што се одговорни, кога ќе дојде тој момент, тогаш ќе разговараме, истакна Јаневска.