КОШАРКАСПОРТ

„Лотаријата“ на страната на Далас, прв ќе бира на НБА-драфтот

Далас Маверикс доби прв пик на претстојниот НБА драфт 2025, кој ќе се одржи на 25 и 26 јуни во Бруклин. Тимот од Тексас имаше само 1,8% шанси за ова сценарио, но среќата им се насмевна и тие добија право први да бираат од генерацијата предводена од Купер Флег, талентираното крило од Дјук.

Advertisements

По низа контроверзни одлуки, вклучувајќи го шокантниот трејд на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс за Ентони Дејвис, Далас сега добива ретка можност да ја рестартира својата иднина околу еден од најголемите таленти што се појавиле последниве години.

Купер Флег, кој уште од средно училиште важи за прв пик, ги оправда очекувањата и во единствената сезона во колеџ дресот на Дјук. Тој ги предводеше „Сините ѓаволи“ до Фајнал фор на NCAA, и беше прогласен за најдобар играч во колеџ лигата. Неговите бројки зборуваат сами за себе имаше просек од 19,2 поени, 7,5 скока и 4,2 асистенции по натпревар.

Но, останува да се види дали генералниот менаџер Нико Харисон ќе се одлучи за очекуваниот избор или ќе изненади со нов неочекуван потег.

Покрај Далас, Сан Антонио Спарс ќе бираат го добија вториот пик и имаат уште еден избор на 14. место, додека Филаделфија 76ерс ќе бира трета, а Шарлот Хорнетс четврти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button