Верските лидери во Северна Македонија потпишаа заедничка декларација против насилниот екстремизам
Верските лидери во Северна Македонија потпишаа заедничка декларација против насилниот екстремизам

Верските лидери во Северна Македонија потпишаа заедничка декларација против насилниот екстремизам и справувањето со овој феномен.
Според нив, верските заедници се меѓу главните фактори во спречувањето на насилниот екстремизам, бидејќи нивното присуство и активностите со граѓаните можат да бидат корисни. Претседателот на Исламската верска заедница вели дека сите џамии во земјата се под контрола на ИВЗ. Тој, исто така, коментираше за неодамнешните активности на Министерството за внатрешни работи против екстремизмот
„Не бевме свесни за вакви појави како што споменавте во Гостивар и на други места, бидејќи тие не беа ниту верски работници, ниту професионални или квалификувани верски работници. Добро е што државата ги забележала ваквите манифестации и секако презела мерки. Со моето доаѓање во ИВЗ, неколку џамии што беа надвор од ИВЗ се вратија, со одлука, и од тој момент па натаму тие работат според правилата на ИВЗ и ние немаме никаков проблем со тоа“, рече Шаќир Фетаху – поглавар на Исламската верска заедница.
Потпишувањето на заедничката декларација на верските лидери во земјата против насилниот екстремизам беше организирано од Центарот за меѓународна соработка и Комисијата за односи со верските заедници. Причината е да се зајакнат напорите за спречување и борба против насилниот екстремизам, како и зајакнување на верските заедници./Алсат.мк
Авни Тахири