ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Преку дуалното образование полесно до вработување

Преку дуалното образование полесно до вработување

Образовниот систем во Македонија создава кадар кој ѝ е потребен на економијата, индустријата, трговијата, па дури и на администрацијата. Сепак, намалувањето на бројот на населението, вклучувајќи го и бројот на ученици и студенти, влијае врз недостигот на соодветен кадар за новите работни места во одредени профили. Министерката за образование Весна Јаневска на 14-тиот Самит „Македонија 2025“ рече дека дуалното образование е најдобро решение за подготовка на учениците за пазарот на трудот.

Advertisements

„Особено ми е драго што расте општествената одговорност на компаниите и тие разбираат дека се важна алка во образовниот систем и без нив, без нивното учество во образованието на младите, државата не би можела да креира работни места како што тие очекуваат. Успешен пример за соработка е дуалното образование. Над 550 компании прифаќаат студенти за практична обука и нудат можности за вработување по добивањето на дипломата, се разбира, ако студентот не изрази желба за понатамошно академско напредување“, рече Весна Јаневска, министерка за Образование.

Панелистите на дебатата „Образование на иднината: создавање лидери, мислители и иноватори“ ја истакнаа важноста на инфраструктурата во образовните институции. Според нив, вработените во образованието, покрај соодветни услови за работа, треба да бидат мотивирани и финансиски.

„Проблемите не секогаш произлегуваат од учениците, наставниците, професорите и луѓето кои се тука да го имплементираат системот. Повеќето од нив, за жал, се многу слабо платени и сè уште доаѓаат на работа, ја извршуваат својата должност и се мотивирани да се грижат за идните генерации“, рече Кларис Бехар Молад, професор.

Министерката Јаневска потсети дека платите на наставниците веќе се зголемени за 12% во рок од 10 месеци, а според договорот со СОНК, за време на мандатот на Владата се очекува зголемување и до 60%, во зависност од инфлацијата. Исто така, се предвидуваат можности за кариерен развој и напредување во звањата, како и за професионален развој преку обуки на различни теми./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button