СПОРТФУДБАЛ

ФФМ ја укина двегодишната суспензија за Алпер Потук

Фудбалерот на ФК Гостивар, Алпер Потук, на социјалните мрежи објави дека Фудбалската федерација на Македонија ја повлекла двегодишната суспензија која му беше изречена по напуштањето на теренот за време на мечот со Работнички.

Advertisements

Капитенот на веќе исклучениот тим од ПМФЛ се жалеше до арбитражната комисија на ФФМ, која ги зеде предвид неговите аргументи и ја повлече индивидуалната суспензија за искусниот турски интернационалец со богато портфолио.

Гостивар беше исклучен од лигата после инцидентот на мечот со Работнички и автоматски е преселен во најнизок ранг на натпреварување. /Gol.mk/

Foto: Gol.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button