ВЕСТИСВЕТ

Њујорк Тајмс го доби спорот, дозволен е увид во пораките меѓу Фон Дер Лајен и „Фајзер“

Судот на правдата на Европската Унија денес ја поништи одлуката на Европската комисија со која се отфрли барањето на „Њујорк тајмс“ за пристап до текстуалните пораки меѓу претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурле, кои беа разменети за време на преговорите за набавка на вакцини против коронавирусот. Американскиот весник побарал пристап до пораките испратени помеѓу 1 јануари 2021 година и 11 мај 2022 година, кога биле склучени договори вредни милијарди евра, објави Ројтерс.

Advertisements

Комисијата го отфрли барањето со образложение дека пораките не биле зачувани, по што „Њујорк тајмс“ поднесе тужба.

Судот сега пресуди во корист на весникот, поништувајќи ја одлуката на Комисијата и нагласувајќи ја важноста на транспарентноста во работата на европските институции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button