ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски за Владата без Таравари: Следната недела многу работи ќе бидат појасни

Следната недела очекувам многу работи да бидат појасни, да бидеме трпеливи.

Advertisements

Вака гласеше одговорот што премиерот Христијан Мицкоски го даде одговарајќи на неколку новинарски прашања на денешната прес-конференција, кои се однесуваат на актуелната политичка состојба во државата, а се поврзани со одлуката на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари да премине од власт во опозиција.

Премиерот беше прашан дали сите функционери од Алијанса на Таравари си заминуваат или постојат некои кои ќе продолжат да дејствуваат во власта, како и ќе се оди со разрешување или ќе се чека на оставки од функционерите.

„Во периодот што следува многу работи ќе бидат појасни, така што, да бидеме трпеливи и да разговараме. Во тие разговори сигурен сум дека ќе постигнеме договор, така што, очекувам веќе во текот на следната недела да има повеќе на оваа тема. Веќе има договорени активности за викендот, сабота и недела, така што, следната недела очекувам многу повеќе да бидат познати работите за кои ме прашувате“, рече Мицкоски.

Прашан дали постојат разговори со партиите од опозицискиот „Европски фронт“ за приклучување кон власта, тој повторно не даде конкретен одговор и повика на трпеливост и повеќе информации во следниот период.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button