ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Касами: Нема преговори за рокади со министерствата

По најавеното напуштање на Владата на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари секторот здравство останува во рамки на „Вреди“ и нема најави за рокади на министерските места. Ова беше одговорот на Биљал Касами, претседател на Движење Беса денес во Тетово на новинарски прашања околу можните промени по најавеното заминување на Таравари.

Advertisements

Комбинациите кои се прават во однос на поделба на одговорностите за водење на владата се прават со политички договор, но и согласно капацитетите кадрите кои ги имаат одредени партии кои се дел од владината коалиција. Министерството за здравство беше побарано од нас и поради тоа што, член на досегашната коалиција беше Арбен Таравари. Тој го побара тоа како ресор, а сега со неговото заминување ние како „Вреди“ сме подготвени да разговараме и за такви комбинации, но нема преговори во делот на Владата за рокади и во моментот, сè додека нема нова ситуација, сите позиции кои беа досега остануваат во „Вреди“, истакна Касами од настан во Тетово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button