
Француската Фудбалска Федерација (ФФФ) ја разгледува можноста за воведување нов формат за доделување на титулата во Лига 1, објавува „Л’Екип“.
Овој предлог доаѓа во време на планови за трансформација на францускиот професионален фудбал, со најважните промени кои вклучуваат укинување на ЛФП (Лига на професионален фудбал) која ги регулира Лига 1 и Лига 2 и воведување на нова структура на управување, инспирирана од англиската Премиер-лигата.
За да внесе поголема тензија и неизвесност во периодот на доминација на ПСЖ, кој ја освои четвртата последователна титула во Лига 1, ФФФ ангажираше работна група предводена од претседателот на Тулуз, Дамиен Комоли, која размислува за воведување на Фајнал-фор турнир.
Победникот на тој турнир треба да биде прогласен за шампион на Лига 1. Овој формат е веќе применет во најелитната женска фудбалска лига во Франција, каде што првопласираниот тим игра против четвртопласираниот во полуфниалето, додека второто полуфинале го сочинуваат вториот и третиот. Финалниот меч потоа одлучува кој ќе биде првак.