Мнозинството не го прифати предлогот на СДСМ за посебен закон за Кочани

Со само 18 гласа „за“ и еден воздржан, Собранието не го изгласа предложениот закон на СДСМ за помош на семејствата на жртвите и повредените од трагедијата во Кочани. На СДСМ не им е јасно како парламентарното мнозинство може да одбие да им помогне на погодените од трагедијата, за кои, покрај финансиската помош, беше предвидена и друга институционална помош.
Од ВМРО-ДПМНЕ го нарекуваат предложениот закон несериозен и обид за политички маркетинг.
Предлог-законот предвидуваше финансиска помош за семејствата на жртвите, во износ од 80.000 евра за секоја жртва, а по 1,2 милиони до 5 милиони денари за повредените, во зависност од степенот на инвалидитет. Олеснување се предвидува и за родителите кои се вработени, кои мора да останат блиску до своите деца за време на лекувањето, без разлика дали се во земјава или надвор од неа.
Зекирија Хаџиу