Кој ќе добие позициите во Влада што му припаѓаа на Таравари?

По заминувањето на Таравари од Владата, се очекуваат и кадровски промени, особено во делот кој му припадна на Таравари. Премиерот Христијан Мицкоски засега не открива дали ќе има само замена на имиња на одредени позиции што припаѓаат на ВЛЕН или ќе има ротација на министерските позиции, поточно размена на ресори меѓу ВМРО и ВЛЕН. За одлучување по сите овие прашања, извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го овласти претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.
Во однос на здравството, ресорот предводен од Таравари, Билал Касами наведува дека ВЛЕН ја презел оваа институција токму затоа што Таравари го побарал тоа. Ако имаат кадар кој може да го замени, ќе предложат.
„Го кажав тоа како можност доколку има друга комбинација од ВЛЕН за друг многу важен кадар, ќе разговараме со Владата за да има рокада. Но, засега нема разговори. Министерството за здравство останува на ВЛЕН, па позициите што ги имавме остануваат со ВЛЕН, но секако врз основа на околностите, па со заминувањето на Арбен Таравари, сме подготвени да разговараме за нови комбинации, но засега нема такви разговори“, рече Касами.
Вицепремиерот Изет Меџити најави дека играта штотуку започнала и ќе се игра на теренот на Европскиот фронт.
„Што се однесува до пратениците, мислам дека играта не е завршена. Играта штотуку започна. Ако некој мислеше дека со потегот на г-дин Таравари играта е завршена, тогаш ќе видиме во иднина дека оваа игра ќе продолжи и ќе се игра на теренот на Европскиот фронт“, рече Меџити.
Актуелниот владин состав на Алијанса има вицепремиер, министер за здравство, двајца заменици министри, за земјоделство и одбрана. На последниот состанок на претседателството, вицепремиерот Арбен Фетаи не учествуваше, што дополнително ги зголеми дилемите дека можно е да остане во Владата како дел од коалицијата ВЛЕН. Исто така, во ВЛЕН се зборува дека ќе продолжат најмалку двајца пратеници на Таравари.
Зекирија Хаџиу