Издавачките куќи делумно задоволни од посетеноста на Саемот на книгата

Љубителите на книгата го искористија и последниот ден на саемот за да купат нови наслови и да ја збогатат својата библиотека. Претставниците на неколку издавачки куќи изразија делумно задоволство од бројот на посетители и од продажбата на книги. Една од забелешките беше малиот број албански издавачки куќи и нивното несоодветно системирање.
„Прво тука доаѓаат само неколку издавачки куќи, како и обично четири или пет, иако во конкурсот на Министерството за култура за издавање се пријавуваат можеби 20 издавачи кои се фиктивни и никогаш не ги гледаат, на било кој начин нивните книги не циркулираат ниту на саеми, ниту во витрини на книжарници. Ние сме како во гето, така сме и оставени во ќоше со неколку посетители“, рече Агим Абази, Издавачка куќа „Фуркан“.
Друг проблем на издавачите беше интересот за читање на англиски наспроти мајчиниот јазик.
Повеќе од 65 издавачи учествуваа на 37-мото издание на Саемот на книгата од 8-ми до 14-ти мај. Со секој купен билет, Саемот на книгата ќе донира по 15 денари за сос Детското село.
Мелихате Рустеми