ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во населбата „Ван Вардарска“ во Тетово започна изградбата на водоводниот систем

По повеќе од две децении чекање, над 500 куќи во населбата „Ван Вардарска“ во Тетово ќе добијат пристап до водоводната мрежа. Работите започнаа денес, а заедно со овој проект се очекува да започне и изградбата на фекалната и атмосферската канализација на населбата. Се очекува проектот да биде вреден околу 15 милиони денари и ќе се финансира со грант од Владата.

Advertisements

„Ова беше една од најитните потреби на градот во оваа населба која се развива во последно време, но која не виде никаква инвестиција во инфраструктура од страна на институциите. За прв пат, во соработка со централната власт, се прави значајна инвестиција во овој дел од нашиот град. Инвестицијата е околу 15 милиони денари од првата транша од владините средства за 2024 година. Во рамките на оваа инвестиција е и централната водоводна цевка на нашиот град која почнува од филтер-станицата во Лисец до влезот во градот“, рече Касами.

„Ќе бидеме во секој агол од секоја општина за да можеме, за жал, во овој век да решаваме витални проблеми за граѓаните, како што е водоснабдувањето. Оние кои цело време го спомнуваат Охридскиот договор забораваат дека децентрализацијата е еден од главните столбови на овој договор. Ние сме посветени и секој ден ќе нè гледате во населби со капитални инвестиции кои го олеснуваат животот на нашите граѓани“, рече Меџити.

Проектот за водоводна мрежа во населбата „Ван Вардарска“ во Тетово се очекува да биде завршен на есен оваа година.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button