
Португалскиот тренер ќе го напушти „Сан Сиро“ по завршување на сезоната, објави фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо.
Португалецот во декември минатата година го презеде клубот, и го освои Супер-купот на Италија, а клубот и натаму е во игра за место кое носи во Лигата на шампионите.
Вчера тимот загуби во финалето на Купот од Болоња со 1-0. Консеисао дојде на местото на Пауло Фонсека кој доби отказ. Како најсериозни кандидати за клупата на Милан се споменуваат Масимилијано Алегри како и Де Зерби, актуелниот тренер на Олимпик Марсеј.
Покрај Консеисао, од тимот заминува и Жоао Феликс, кој ќе се врати во Челси.