КОШАРКАСПОРТ

Интересен предлог, Кевин Дурант и Никола Јокиќ во иста екипа?!

Иако во теорија постои шанса Денвер и оваа сезона да биде шампион, јасно е дека ќе има промени ако тоа не се случи.

Advertisements

На Никола Јокиќ очигледно потребна му е поголема поддршка од соиграчите на теренот, а исто така тимот во текот на летото веројатно ќе бара нов тренер бидејќи тешко е да се очекува дека Дејвид Аделман кој го наследи Мелоун ќе остане подолго на клупата.

Но, сега Еван Сајдер, соработник на „Форбс“ и кошаркарски новинар изнесе интересен предлог за тимот од Колорадо – Кевин Дурант!

„Тим кој сериозно би можел да ја разгледа опцијата за трејд со Кевин Дурант е Денвер. Посебно во плеј-офот е очигледно дека им е потребен уште еден таков кошаркар кој ќе го намали притисокот врз Јокиќ Тандемот Јокиќ-Дурант би бил убиствен во нападот“, пишува Сајдер.

Дурант има разочарувачка сезона со Феникс на тимско ниво бидејќи не успеаа да се пласираат ниту во плеј-инот. Речиси сигурно е дека Дурант ова лето ќе ги разгледа понудите од поголемите клубови, па останува да видиме како ситуацијата ќе се развива.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button