Меџити го демантира Таравари: Тој не зборувал ништо за етничките прашања

Вицепремиерот Изет Меџити наведува дека Арбен Таравари никогаш не му се пожалил за неуспехот да се решат етничките прашања додека бил во коалиција, иако тоа го нагласува како причина за напуштање на владата. Етничките прашања, како што нагласува Меџити, ги бранел тој како прв вицепремиер и Арбен Фетаи, вицепремиерот од партијата на Арбен Таравар, кој не одлучил дали ќе остане во влада.
„Јас ги бранев етничките прашања како прв вицепремиер, а во многу случаи и г-динот Арбен Фетаи како втор вицепремиер и заедно работевме на Законот за соодветна застапеност, Законот за јазици, соодветна застапеност и други чувствителни теми како што се етничките“, рече Меџити.
–Дали тоа значи дека Таравари не ви кажал ништо за етничките прашања?
„Не, не“, рече Меџити.
-Не се пожали ли дека правата не се остваруваат?
„Има стенограми во Владата и ќе видиме“, вели Меџити.
И ВМРО-ДПМНЕ го демантираше Таравари. Според нив, причината за напуштање на владата не се албанските прашања, туку уцените од ДУИ и СДСМ.
АА ги нарече обвинувањата за клевети од најапсурден вид. Меѓу причините за неговото заминување, Таравари ги спомена укинувањето на Балансерот, доцнењето на носењето на законот за правична застапеност и масовното вработување на Македонци во институциите. Сепак, суштината на конфликтот што заврши со разделба првично од Влен, а потоа и од владата, се чини дека е контактот на Арбен Таравари со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој прво го нарече „комуникациски канал“, а потоа дека имало само еден телефонски разговор, за на крајот да се открие дека се сретнале тајно 3 пати.
Суад Бајрами