ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Проблематично е кога некој верува дека пречките може да се надминат со уставни измени

И другите имале пречка и ја надминале, но кога вие нонстоп се соочувате со пречки и кога некој верува дека пречките може да се надминат со уставни измени, а Уставот е најинтерниот акт на една држава, закон над законите, општествена повелба – тогаш тоа е проблематично. Се разбира јас, како и досега, само ги цитирам темелните вредности и принципи од конститутивните акти на ЕУ и прашувам дали важат за нас, изјави претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова.

Advertisements

Во врска со поставениот услов од Бугарија за уставни измени за да почнат преговорите со ЕУ за членство, претседателката вечерва  во интервју во емисијата „Вин-вин“ на ТВ Телма рече дека кај нас постои „оправдан страв дали навистина тоа ќе бидат последни уставни измени или, пак, ние ќе се соочиме со нови и нови барања“.

-Оти кога имате комисии од таков тип,  во кои седат политизирани историчари, може да се најдат многу прашања за кои не може да има согласност и тоа да биде извор на ново вето, рече Сиљановска-Давкова.

Прашана за денешната средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и за неговиот став во врска со наметнатиот спор, таа посочи дека тој веќе се имал сретнато со бугарскиот претседател Румен Радев, а првпат се сретнал со новиот премиер Росен Желјазков за кого „смета дека е креативен човек кој сака да трага по решенија“.

Рече дека на Кошта „правнички му го објаснила нејзиното видување и  нашиот предлог за уставни измени со одложено дејство кој овде беше жестоко критикуван“.

-Вели дека е извонредно конципиран, но дека не го прифаќа Бугарија. Се обидел да го презентира, значи – неприфатен. Заради консензусот, иако многу членки кои го разбираат, не може да помине. Мислам дека г. Кошта и тимот околу него, како и многу членки, особено од Вишеградската група, како Полска и Словачка, постојано ќе трагаат по механизми и јас затоа ги поттикнувам на креативни решенија – како да се оневозможи овој наш маратон. Бидејќи 20 години маратон не се слави. И кога слушам „тажна приказна“, не ја напишавме ние. Некој друг е авторот на  тажната приказна, рече претседателката.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button