
Синоќешниот триумф против Еспањол ја официјализира двојната круна за Барселона во шпанскиот фудбал, прва по 2018 година и прва во пост-Меси ерата.
Ова е вкупно деветта двојна круна во историјата на Барселона, но дури петта во последните 16 години. Под водство на Гвардиола освои една (2009 година), две со Луис Енрике (2005 и 2016), една со Ернесто Валверде (2018) и оваа со Ханси Флик.
Интересно е тоа што Реал иако е најтрофеен клуб во Шпанија, има само четири двојни круни од кои последната е освоена во 1989 година. Уште еден интересен податок во врска со Реал е тоа што овој тим и по 17 години не успева да одбрани трофеј во Ла Лига, односно да освои две титули по ред.
Последниот пат тоа го направи во 2008 година по што стигна до пет трофеи, но ниеднаш по ред (2012, 2017, 2020, 2022, 2024).