СПОРТ

Јаник Синер, подобар од Надал, Ѓоковиќ и Федерер!

Италијанскиот тенисер Јаник Синер како да немаше одмор. Вчера, тој лесно го совлада Каспер Руд на Мастерсот во Рим и тоа со само еден загубен гем (6-0, 6-1). Со тоа Синер веќе ја надмина „големата тројка“ по бројот на победи додека е број еден на АТП листата.

Advertisements

Италијанецот забележа 51 победа од 54 мечеви, што претходно не го постигнаа ниту Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Тој влезе во клубот 50 со победа против Серундоло, а потоа само ја потврди својата доминација против норвежанецот во четвртфиналето.

Јаник Синер беше надвор од терените три месеци, поради скандалот со допинг и суспензијата, но се чини дека тоа не го загрижи премногу. Роџер Федерер успеа да забележи 50 победи како прв рекет на светот по 54 мечеви, додека Надал го направи тоа по 56, а на Новак Ѓоковиќ му беа потребни уште повеќе мечеви.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button