ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

(ВИДЕО) Има 100 години и сѐ уште работи како тренер по балет

Роберт Боби Барнет, роден во далечната 1925 година во Вашингтон, се вљубил во балетот додека служел во морнарицата за време на Втората светска војна. Една вечер во 1945 година, за време на одмор во Лос Анџелес, присуствувал на изведба на Американскиот балетски театар. Иако дотогаш танцувал степ-танци, сфатил дека токму балетот е неговата вистинска страст.

Advertisements

По години усовршување во Њујорк, Лондон и други градови, Барнет и неговата сопруга, балерината Вирџинија Риш Барнет, станале водечки изведувачи и асистенти на директорот на Градскиот балет во Атланта. Во 1962 година Барнет ја презел функцијата уметнички директор и на таа позиција останал цели три децении.

Сè уште е активен, и зад воланот и во кујната

Иако веќе 30 години не настапува на сцена, Барнет и понатаму е посветен на балетот. Тој редовно пишува кореографии и одржува тренинзи.

– Едно од најголемите задоволства во животот ми е работата со танчарите – вели тој.

По повод неговиот 100. роденден, Градскиот балет во Атланта на 10 мај организира свечена изведба во негова чест, на која присуствуваа стотици луѓе.

Надвор од салата за балет, Барнет сѐ прави сам: вози автомобил, пазари, пере облека и готви, а живее на горниот кат од куќата која ја дели со својот син.

Цел живот се труди да јаде органска храна бидејќи, како што вели, знае колку е важно да се избегнуваат штетни намирници. Откако во 96. година му бил дијагностициран дијабетес, ја променил исхраната и го намалил внесот на јаглехидрати. Денес, најголемиот дел од неговите оброци се базираат на протеини и зеленчук, кој сè уште самиот си го приготвува. Вели дека правилната исхрана му помага да ја одржува енергијата и нивото на шеќер во крвта.

Движењето е начин на живот

И денес редовно држи часови по балет и учествува во подготовка на претстави во Атланта. Неговата секојдневна рутина со децении била поврзана со физичка активност.

– Ако прескокнеш еден ден тренинг, како да си изгубил два – вели тој низ насмевка и додава дека тајната на долговечноста се крие токму во постојаното движење.

– Познавам многу помлади луѓе кои се пензионираат и веднаш седнуваат, па потоа се чудат што не можат да станат – вели Барнет.

Иако повеќе не настапува, Барнет не се откажува од балетот. Во јули планира деловно патување на Хаваи, каде што ќе соработува со Балетот на Хаваи на една своја кореографија.

– Не можам да тренирам како порано, но сè уште можам да работам со танчарите и да ги водам низ музиката. Тоа ме радува – вели тој.

Освен балетот, синот, снаата и тројцата внуци се неговата најголема љубов.

– Дел сум од нивните животи колку што можам. Сакам да ги гледам и секогаш можам да сметам на нив ако ми треба нешто – вели Барнет.

Извор: today.com

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button