ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Година и пол затвор за поранешните директори на Клиничката болница во Тетово

Поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, Флорим Бесими и Артан Етеми, кои сега се сега обвинети во процесот по пожарот во модуларната болница, се осудени дека го сториле делото „тешки дела против општата сигурност“. Судот им досуди затвор од по 1 година и 6 месеци. Тетовската болница треба да плати еден милион денари.
Предметот се судеше одново, а судот за разлика од минатиот пат, досуди построги казни. За потсетување, претходно, двајцата ексдиректори добија условни казни.