ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВЛЕН: Планот на ДУИ не успеа, не нè поколебаа, туку нè зајакнаа

ВЛЕН: Планот на ДУИ не успеа, не нè поколебаа, туку нè зајакнаа

Коалицијата ВЛЕН испрати силна порака до јавноста дека останува целосно обединета и политички стабилна, отфрлајќи ги обидите за раздор како неуспешни и контрапродуктивни. Во соопштение упатено до медиумите, од ВЛЕН порачаа дека се посилни од кога било, синхронизирани во целите и визијата, со јасна определба да останат клучен фактор во новото парламентарно мнозинство.

Advertisements

„Обидите на ДУИ, преку Таравари, да предизвикаат земјотрес во нашата коалиција, завршија како политички бумеранг. Не само што не нè поколебаа, туку не’ направија уште посилни“, велат од ВЛЕН.

Од коалицијата потенцираат дека се решени да ја спроведат агендата која ја ветиле на изборите – унапредување на правата на Албанците, борба против корупцијата и враќање на државата во функција на сите граѓани.

„ВЛЕН е новото лице на политиката. Ние не се плашиме од старите шеми, напротив – токму ВЛЕН е земјотресот што ќе го сруши трулиот систем на ДУИ“, велат од коалицијата.

Според најавите, во наредните денови се очекуваат нови политички потези и кадровски решенија кои, како што велат од ВЛЕН , ќе ја зацврстат нивната улога како водечка политичка сила во албанскиот блок.

„Ние не сме случајна коалиција. ВЛЕН е сериозен политички проект кој ќе остане столб на новата власт и гарант на стабилноста“, се вели во соопштението упатено до медиумите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button