Мицкоски: Таравари стана алатка на ДУИ – ќе дојде денот кога пак ќе сака да се врати
Мицкоски: Таравари стана алатка на ДУИ – ќе дојде денот кога пак ќе сака да се врати

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Арбен Таравари одлучил да стане алатка на ДУИ и да ги задржи во политиката токму оние против кои самиот зборувал негативно. Говорејќи на Форумот на жени на неговата партија, Мицкоски остро се изрази против лидерот на АА. Според него, чекањето на одлуката на Таравари било намерно.
Премиерот рече дека целта на ДУИ е преку Таравари да се врати во владата.
Мицкоски смета дека соработката помеѓу ДУИ и Таравари нема да биде долготрајна.
Премиерот најави промени во Владата и неговата партија на крајот од годинава или на почетокот на следната. Рече дека ќе ги разреши сите што згрешиле или не носат резултати.
Мицкоски е уверен во победа на локалните избори, додека македонската опозиција тврди дека нема да освои повеќе од 2, 3 или 4 општини. Според него, по тие избори, Али Ахмети ќе замине во пензија./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши