Времето денеска: Сончево со мала облачност, температурата до 27 степени

Сончево време со мала до умерена облачност е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови на некои места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Утринската температура ќе биде од 1 до 9 Целзиусови степени, а дневната од 14 до 27 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 6 степени наутро до 27 во текот на денот.
Сончево време со мала до умерена облачност синоптичарите најавуваат и за утре. Попладне ќе има услови за локален слаб дожд кој ќе биде проследен со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата утре ќе биде до 28 степени.