СПОРТФУДБАЛ

Уште еден убедлив пораз за Интер Мајами и Лионел Меси

Екипата на Интер Мајами доживеа уште еден убедлив пораз во МЛС откако ноќеска на домашен терен загуби од Орландо во дербито на Флорида со 0-3.

Advertisements

Луис Муриел го отвори резултатот во 43. минута, Марко Пашалиќ зголеми во 53., а конечните 3-0 за гостинскиот тим ги постави Дагур Торхалсон во судиското продолжение од второто полувреме.

Статистички, Интер Мајами беше нешто подобар, ја контролираше играта, имаше 21 шут, но ниеднаш топката не заврши во мрежата. Во последните пет кола Интер Мајами има само една победа, како последица на што падна на шестата позиција во Западната конференција со 22 бода, седум помалку од лидерот Филаделфија Јунион. Токму во следното коло тимот од Флорида гостува во Филаделфија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button